24фудбал

Димарко со еврогол ја замолкна „Меаца“, Парма го победи Интер по 19 години (ВИДЕО)

Повратниот во Серија А, Парма ги прконижи првите три бода, Димарко испука „проектил“ од 30 метри и го шокираше Интер на „Џузепе Меаца“

Италија

Интер им приреди ново разочарување на своите фанови, попладнево дома загуби од Парма. „Нероаѕурите“ важеа за големи фаворити но работите не одеа според планот.

Спалети направи неколку измени во составот имајќи го на ум мечот со Тотенхем во Лигата на шампионите, па домаќините тешко создаваа шанси во првиот дел.

Икарди влезе на стартот од вториот дел, напаѓачот малку ги раздвижи работите, Интер имаше неколку сериозни обиди а Димарко расчисти пред гол-линијата по обидот на Перишиќ. Се чини дека фудбалерот на Парма играше со рака, што требаше да биде црвен и пенал, но судијата не досуди ништо а одлуиката не беше корегирани ниту од  ВАР.

Дефанзивецот на Парма потоа на спротивната страна испука „проектил“ од 30 метри по кој Хандановиќ не се помрдна за 0-1 и големо изненадување во 79. минута.

„Нероаѕурите“ не успеаја да се опорават од овој шок па на крајот Парма се радуваше на прва победа на „Џузепе Меаца“ по 19 години.