24фудбал

Деби гол на Елмас за победа на Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас со својот гол првенец во дресот на Фенербахче му донесе победа од 1-0 на својот тим на гостувањето кај Коњаспор.

Македонија

На Елмас му требаа само шест минути на денешниот меч за да даде гол. Во игра влезе во 61. минута а во 67. постигна гол за водство на Фенербахче од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.

Ова беше прв гол на Елмас за Фенербахче на официјален натпревар.

Фенербахче со оваа победа ја прекина серијата од три порази по ред. Сега по пет одиграни кола имаат само шест бода и се наоѓаат на средината на табелата.