24фудбал

„Роналдо не бараше само повеќе пари, сакаше да биде Бог во Реал“

Шпанскиот новинар Гиљем Балаге за медиумите од Италија открива детали за тоа кој е Кристијано Роналдо и како ЦР7 завршил во Јувентус

Италија

Најголемиот трансфер изминатово лето беше оној на Кристијано Роналдо во Торино. Португалецот најави заминување од Сантијаго Бернабеу уште по последниот свиреж во финалето од Лигата на шампионите, Флорентино Перез реши да му ја исполни желбата и го продаде на Јувентус за 112 милиони евра.

Шпанскиот новинар Гиљем Балаге, кој во 2015 издаде книга за животот на Португалецот, сега за медиумите од Италија открива детали за тоа кој е Кристијано Роналдо и како ЦР7 завршил во редовите на „Старата Дама“.

„Погледнав во корените на неговото детство, разговарав со пријатели од младите години во Мадеира. Живеел во сиромашно предградие каде пораснал без љубовта на неговиот татко, кој бил алкохоличар, и мислам дека Кристијано Роналдо се уште ја бара таа љубов која никогаш не ја добил“ – вели Балаге.

„Кристијано Роналдо повеќе не се чувствуваше сакан во Реал. Не само што бараше повеќе пари, сакаше да биде Бог. Убеден сум дека кога се сретна со Флорентино Перез очекуваше да го добие покачувањето на платата кое го бараше, а не да му биде дозовлено да замине на овој начин. Тој сега мора да ги намали очекувањата бидејќи Јувентус никогаш нема да биде Реал Мадрид“.

Гиљем Балаге потоа прави споредба помеѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси.

„Мислам дека двајцата имаат слични патишта како деца, но Аргентинецот е попаметен, поитар. Кристијано е многу поискрен па поради тоа до израз доаѓаат неговите мани. Роналдо бара љубов, но не знае како да биде сакан. Сака целиот тим да му служи нему, додека пак Меси му служи на тимот“.

Новинарот исто така открива дека во семејството на Роналдо има клан, но тој не е дел од него откако го налутил ЦР7 се дел од сториите во својата книга, особено приказната за тоа како Кристијано има погрдни зборови за Меси.

„Сите во неговата куќа се во клан, и тој се грижи за пријателите, сестрите, мајката, девојката, децата како и за неговиот брат Хуго, кој имаше големи проблеми со зависност и дрога“.

„Во книгата има една страна во која зборувам за навредливи зборови упатени кон Меси и Кристијано никогаш не ми прости за ова. Реши дека јас не сум дел од неговиот клан, но тоа е во ред бидејќи јас не сум ПР служба. Јас само ја барав вистината за шампион кој го ценам многу“.

„Бев во Верона за неговото деби во Калчото, се сретнавме, и иако се познаваме долги години, ми порача дека нема да зборува со мене“.

Во своето истражување, Гиљем Балаге дошол дека пра-бабаа на Кристијано Роналдо потекнува од Африка, поточно од Зелено'ртски Острови и смета дека поради ова се должи одличната физичка грабда и мускулна маса на играчот.