24фудбал

Адеми: Елмас е одличен играч, може да ни создаде сериозни проблеми

Веројатно нема да видиме македонски двобој на Максимир во четврток бидејќи Адеми е неизвесен поради повреда, но голема е веројатноста Елмас да стартува за Фенербахче.

Лига Европа

Ждрепката од Лигата на шампионите донесе двобој на клубови во кои играат македонски репрезентативци, Динамо Загреб и Фенербахче.

Елмас по дадениот гол против Коњаспор е во центарот на вниманието, а хрватските медиуми го прашаа Адеми што мисли за неговиот соиграч од репрезентацијата на Македонија.

„Еднаш бевме заедно собрани со него, тоа беше против Лихтенштајн. Заедно во текот на мечот влеговме од клупа, јас тогаш дадов гол. Елмас? Физички многу снажен играч, одличен техничар и тркачки многу добар. Солидно ги одработува и дефанзивните задачи, но сега не сме во контакт. Ако тој игра на Максимир ќе мора многу да внимаваме. Елмас може на секој да му создаде проблеми. Но верувам во нашите играчи од средниот ред и на остатокот од тимот, верувам дека можеме до победа“, вели Адеми.

Адеми се опоравува од повреда и најверојатно нема да биде во составот на Динамо Загреб за дуелот во четврток.

„Некое време бев повреден, дури сега се опоравив. Во понеделникот го одработив првиот тренинг надвор, но се уште не сум тренирал со тимот, туку потполно сам. До натпреварот има уште два дена, тешко дека ќе му бидам на располагање на тренерот. Искрено, поголеми се шансите да го прескокнам првиот натпревар од групната фаза во Лига Европа“.

Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Фенербахче се игра во четврток со почеток од 21 часот.