24фудбал

Асенсио можеше да го има потегот на вечерта, но сакаше да се направи мангуп и ... (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио против Рома можеше да постигне гол за кој долго ќе се зборуваше, но Шпанецот малку претера па голманот на „Волчицата“ му одбрани

Лига на Шампиони

Марко Асенсио е еден од играчите кои се очекува да блеснат оваа сезона сега откако сите очи во Реал не се вперени во Кристијано Роналдо. Младиот Шпанец против Рома одново покажа дел од својот раскошен талент и можеше да го има потегот на вечерта во Лигата на шампионите.

Тој елегантно прими една топка и со ролинг се ослободи од Де Роси и Пелегрини во срцето на шеснаесетникот. Но наместо рутински да финишира, Асенсио ја сврте главата во лево и шутна десно, сакаше да даде гол без да гледа, па голманот на Рома му одбрани.