24фудбал

Ќеркичката на Гвардиола се расплака по поразот на Сити и ги освои симпатиите на фановите (ФОТО)

Лион приреди големо изненадување синоќа откако со 2-1 славеше на гостувањето на Етихад, поразот на Манчестер Сити тешко го прифати ќеркичката на Пеп Гвардиола која се расплака по последниот свиреж.

Лига на Шампиони

„Граѓаните“ влегоа како големи фаворити во дуелот со Лион, но гостите од Франција се покажаа како незгоден противник и си заминаа од Манчестер со три бода.

Пеп Гвардиола не можеше да им помогне на своите играчи со инструкции покрај аут-линијата, стратегот беше суспендиран и мечот го проследи од трибините, заедно со сопругата, синот и двете ќерки.

Покрај неочекуваниот пораз, Шпанецот на крајот се соочи со уште еден проблем, неговата помала ќеркичка разочарана од резултатот почна да плаче, па тој мораше да ја теши.

Таа сепак ги освои симпатиите на фановите, кои сметаат дека покажала поголема пасија од играчите и поголемиот дел од навивачите кои биле на Етихад.