24фудбал

Почетниот состав на Челси кој Сари ќе го изведе на теренот против ПАОК

Челси со пет измени во својот состав во однос на оној кој настапи во победата од 4-1 против Кардиф на домашен терен минатиот викенд во рамките на англиската Премиерлига.

Лига Европа

Челси во ланската сезона не успеа да избори место во Лигата на шампионите, но затоа обезбеди место во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа, а денес истото во групата „Л“ го стартува против грчки ПАОК, и тоа на негов терен.

Маурисио Сари направи пет измени во однос на последниот меч на Челси во Премиерлигата, тие ќе бидат одморени, а од стандардните тука се Аризабалага, Рудигер, Алонсо, Жоргињо, Канте, како и Педро.

Давид Луиз, Цезар Азпиликуета, Матео Ковачиќ, Еден Азар и Оливие Жиру се изоставени од почетниот состав, па на нивно место се најдоа Андреас Кристиансен, Давиде Ѕапакоста, Рос Баркли, Вилијан и Алваро Мората, сите тие ќе почнат од првата минута на средбата во Грција која почнува во 18,55 часот.