24фудбал

Сестрата на Роналдо распали на социјалните мрежи (ФОТО)

Јувентус со победа тргна во новата сезона од Лигата на шампионите, но, од воведното коло во тоа натпреварување, главната тема е исклучувањето на Роналдо.

Лига на Шампиони

Кристијано Роналдо дебитираше во Лигата на шампионите во дресот на неговиот нов клуб, Јувентус, но, дебито не помина славно за Португалецот кој мина само 29 минути на теренот против Валенсија во првото коло од тоа натпреварување.

Првата ѕвезда на Старата Дама доби директен црвен картон по конфронтацијата која ја имаше со Желсон Муриљо, овој вториот по еден дуел со него падна на теренот, Роналдо го допре по главата за да го убеди да стане и да не симулира, а германскиот арбитар Феликс Брих без размислување го испрати предвреме во соблекувалната по тоа што таа ситуација ја толкуваше како удар без топка.

Сестрата на Роналдо, Катја Авеиро се одзва на социјалните мрежи по сево ова и даде свој коментар на главната тема за која се зборува од воведното коло од Лигата на шампионите.

Скапо ќе ги платите неговите солзи. Господ никогаш не спие... Сакаат да го уништат, но, нема да им успее. Ова е голем срам за фудбалот“ напиша таа на социјалните мрежи објавувајќи ја и фотографијата на која ѕвездата на Јувентус е во солзи.