24фудбал

Елмас почнува од првата минута против Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец веќе ги освои симпатиите кај својот нов тренер Филип Коку, па од меч во меч станува се позначаен во составот на Фенербахче кој вечерва гостува во Загреб.

Лига Европа

Фенербахче вечерва гостува кај Динамо Загреб во првото воведно коло од новата сезона во Лига Европа, мечот е предвиден во групата „Д“ каде истовремено со почеток од 21,00 часот се среќаваат Спартак Трнава и Андерлехт.

Иако очекувањата беа да проследиме македонски дуел на Максимир, до тоа нема да дојде, за што потврда стигна и во изјавата на шефот на стручниот штаб на хрватскиот првак, Ненад Бјелица на ден пред мечот, па така Аријан Адеми ќе отсуствува во таборот на домаќините поради повреда.

На спротивната страна пак, Елиф Елмас ќе го почне мечот уште од првата минута, 18 годишниот Македонец од меч во меч добива се поголема доверба од холандскиот стратег Филип Коку кој во него веќе гледа значаен дел од тимот на Фенербахче.