24фудбал

ЛЕ: Минималец за Челси кај ПАОК, Аполон го намачи Лацио, Ајнтрахт до три бода со пресврт над Марсеј (ВИДЕО)

Веќе се одиграа дел од средбите во богатата понуда за денес во воведното коло од новата сезона во групите од Лига Европа, останатите предвидени средби се играат со почеток од 21 часот.

Лига Европа

Челси со големи измени во својот состав, не оној стандардниот, триумфираше минимално кај ПАОК со 0-1 и тоа со единствениот гол на мечот постигнат од Вилијан уште во седмата минута од мечот во Солун.


Вицепрвакот на Лига Европа, Олимпик Марсеј иако прв поведе во дуелот против Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен, со голот на Окампос во првиот дел, во вториот прими два и загуби со 1-2. Торо најнапред израмни, а голот за победа во завршницата го постигна Јовиќ.


Лацио се намачи да стигне до победа од 2-1 против Аполон откако Кипраните пружија голем отпор на гостувањето во Рим, за што потврдува и самата статистика од мечот на Олимпико. Домаќините имаа водство од 2-0 по головите на Алберто и Имобиле, а Зелаја на две минути пред истекот на регуларните 90 минути игра ја стави под знак прашалник победата на домаќините кои на крајот го сочуваа водството.