24фудбал

Џан го коментираше исклучувањето на Роналдо, но тоа е сексистички и деградирачки кон жените

Фудбалерот на Старата Дама подоцна се дообјаснуваше на социјалните мрежи, велејќи дека секогаш бил за еднакви права, а неговите коментари не воделе кон тоа да покаже деградување кон жените.

Лига на Шампиони

Само 29 минути Кристијано Роналдо мина на теренот на Местаља во своето деби во дресот на Јувентус во Лигата на шампионите, италијанскиот првак славеше со 0-2 на ова гостување, но, главната тема од тој настан е исклучувањето на Португалецот.

Роналдо имаше контакт со Муриљо откако овој по еден дуел со него падна на теренот а Португалецот го допре за главата барајќи да не симулира и веднаш да стане, но, германскиот арбитар Брих му додели црвен картон.

Емре Џан застана во одбрана на својот соиграч, но неговите коментари за таа спорна ситуација од мечот на Местаља од јавноста беа оценети како сексистички и деградирачки кон жените.

Како што видов, црвениот картон беше поради тоа што тој го допре Муриљо за косата, ние не сме жени, треба да играме фудбал“ рече Џан, но, подоцна реагираше и на социјалните мрежи, велејќи дека не сакал да ги деградира жените, женскиот фудбал.

Би сакал да истакнам дека моите коментари не беа во смисла да се деградираат жените, женскиот фудбал и слично, сите кои добро ме познаваат ја знаат мојата почит кон жените, барањето за еднаквост по тоа прашање и почит“ напиша тој.