24фудбал

Елмас и Фенербахче настрадаа во Загреб, Милан едвај го победи Дуделанж (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Фенербахче забележаа тежок пораз во Загреб, Динамо славеше со 4-1, Милан со минимални 0-1 триумфираше на гостувањето во Луксембург кај Дуделанж

Лига Европа

Во натпревар кој требаше да биде македонски дуел во Лига Европа, Аријан Адеми гледаше како неговиот Динамо Загреб убедливо слави над Елиф Елмас и Фенербахче.

Капитенот на „модрите“ поради повреда не беше во комбинација, но и без него во средниот ред домаќините го надиграа противникот и стигнаа до триумф од 4-1.

Шуњиќ во 16. минута го отвори резулатот а Хајровиќ во 27. минута зголеми на 2-0. Нојштатер на стартот од вториот дел донесе малку надеж за гостите, но потоа следуваа два брзи погодока преку Хајровиќ и Олмо за за конечни 4-1.

Спортинг и Стефан Ристовски стигнаа до победа од 2-0 над Карабах а Иван Тричковски не успеа да му помогне на АЕК Ларнака да избегне пораз од Цирих пред своите фанови. На овој меч трагичар беше вториот Македонец во клубот од Кипар, Мојсов кој го направи пеналот со кој гостите стигнаа до водство и победа од 0-1.

На останатите поинтересни мечеви од 21 часот, Милан со голот на Игуаин во вториот дел стигна до три бода на гостувањето во Луксембург кај Дуделанж, Арсенал со 4-2 триумфираше над Ворскла, а во дуелот на двата клуба на кои Ред Бул им е спонзор и главен финансиер, Салцбург славеше со 3-2 на гостувањето кај Лајпциг.