24фудбал

Мурињо „удри“ по своите избраници, а сега Погба го спушти на земја поради неговата тактика

Португалскиот стратег не се штедеше на своите критики упатени кон своите избраници по киксот на домашен терен против Вулверхемптон (1-1), тој издвои дека можеби не заслужиле ниту бод, а сега Погба проговори за тактиката која ја користи Манчестер јунајтед, особено пред своја публика, за која смета дека е погрешна.

Англија

Кога сите мислеа дека работата тргна на подобро за Манчестер јунајтед, по двете победи во низа, најнапред кај Барнли со 0-2, а потоа и кај незгодниот Ватфорд со 1-2, сите мислеа дека доаѓаат подобри денови за тимот на Мурињо.

Сепак, викендов следеше ново големо разочарување за фановите на тимот од Олд Трафорд по ремито на домашен терен против Вулверхемптон од 1-1, Жозе Мурињо „удри“ по своите избраници по мечот, а воопшто не се штедеше на критиките кон нив, но, сега стигна и одговор токму до него.

Пол Погба најде забелешки во стилот на играта кои го гористат Црвените ѓаволи, тој призна вина во голот на Вулверхемптон, но потоа ја коментираше и тактиката која ја користи Мурињо, истакна дека кога неговиот тим игра на Олд Трафорд, мора да напаѓа, а додаде дека противниците се плашат кога го гледаат пред себе како Манчестер јунајтед напаѓа.

Не сум тренер, не би можел тоа да го кажам, но, очигледно е дека имаме многу повеќе опции во играта, но, тоа не би можел да го кажам бидејќи јас сум фудбалер, тоа е начинот на моето размислување, сепак, мораме брзо да се движиме“ издвои Погба.

Знам дека јас ја загубив топката (во голот на Вулверхемптон), потоа имаше неколку грешки, но, ние не ги ставивме нив во опасност, моравме да одиграме подобро против Вулверхемптон, особено поради фактот што игравме пред своја публика. Кога играме на домашен терен ние мораме да напаѓаме, ова е Олд Трафорд, тука мораме да напаѓаме, мислам дека нашите противници се плашат кога ние напаѓаме, тоа е нашата грешка“ посочи Французинот.