24фудбал

Дете во рацете држеше натпис со порака до Салах, неговиот гест донесе солзи радосници (ВИДЕО)

Египјанецот не пропушти да ја види пораката упатена токму кон него, за веднаш потоа да следи и неговиот одговор порадувајќи му го драгоцениот дрес, по што донесе солзи радосници на неговиот голем навивач од трибините.

Англија

Првата ѕвезда на Ливерпул викендов погоди во победата на домашен терен против Саутемптон од 3-0, а тимот на Јирген Клоп продолжи да гази во Премиерлигата стигајќи до максималната шеста победа од исто толку одиграни натпревари во новата сезона од најсилниот англиски фудбалски шампионат.

На трибините од Енфилд паднаа и солзи по последниот судиски свиреж, едно дете во своте раце држеше натпис со порака да го добие дресот на Салах, а Египјанецот не ја пропушти истата порака, па откако ја здогледа веднаш реагираше.

Откако му го даде драгоцениот подарок, солзите беа неизбежни на очите на детето кое сигурно засекогаш ќе го памети овој момент...