24фудбал

Легендарниот Вини Џонс со порака до Погба: Престани да плачеш и почни да играш како што треба

Поранешниот фудбалер на Вимблдон, кој се прослави како актер, Вини Џонс упати остри зборови до Пол Погба откако Французинот имаше замерки за тактиката на Жозе Мурињо.

Англија

Односнот помеѓу Пол Погба и Жозе Мурињо не е најдобар, а тој сигурно ќе стане уште позаладен откако Французинот ја критикуваше тактиката на Португалецот.

По ремито од 1-1 против Вулверхемптон, Пол Погба истакна дека Манчестер јунајтед мора многу повеќе да напаѓа на Олд Трафорд и да влева страв кај противниците. Репрезентативецот на „Триколорите“ смета дека тактиакта на Жозе Мурињо не дозволува ваква игра.

Ваквите зборови сепак не го импресионираа Вини Џонс, поранешниот играч на Вимблдон, кој смета дека Пол Погба наместо да зборува, треба да се покаже на теренот.

„Сигурен сум дека Мурињо ќе полуди по овие коментари“ – вели Вини Џонс, кој се прослави како актер и улогите на англиски гангстер.

„Погба треба да се помири и да игра фудбал! Наместо да зборува и да дели совети преку медиумите, треба да се покаже на теренот“.

„Дури и на на останатите играчи им е преку глава кога еден ист фудбалер се жали. Погба трбеа да е еден од најдобрите во светот, па нека престане да плаче и нека почне да игра како што треба!“

Голот со кој Вулверхемтон се избори за бод на „Олд Трафорд“ падна откако Пол Погба загуби една топка на средината од теренот.