24фудбал

„Меси живее во златен затвор, џабе му е Ферари кога го вози само 15 минути“

Поранешниот фудбалер Даниел Пабло Освалдо си ја отвори душата во разговор со Марка, Аргентинецот кој настапуваше за Италија вели дека не го сака животот на најдобрите играчи кои немаат никаква слобода

Шпанија

Напаѓачот, кој во својата кариера има настапувано за 10 клуба од Европа, помеѓу кои Фиорентина, Еспањол, Рома, Саутемптон, Јувентс и Интер, замина во пензија во 2016 и тоа на 30 годишна возраст.

Даниел Пабло Освалдо започна нова кариера како пеач и формираше рок бенд. Аргентинецот, кој го носеше и дресот на Италија, во разговор со Марка си ја отвори душата и го објасни својот животен избор.

„Сега сум посреќен од претходно, и малку посмирен. Фудбалот ме правеше среќен, но не и атмосферата околу фудбалот“ – го започнува интервјуто Освалдо. „Отсекогаш сакав да имам рок бенд, па еве сега ми се иполни желбата“.

„Фудбалот ми даде шанса да му помогнам на моето семејство, да го исполнам сонот и да му кажам на стариот дека не треба да работи повеќе. Ми овозможи да патувам, да го запознаам светот, да го променам мојот поглед кон животот. Заработив многу пари, не треба да работам до крајот на животот. Доколку не беше фудбалот, сега немаше да можам да бидам музичар. Но фудбалот исто така ми ја зеде и слободата. А кога е во прашње мојата слобода, таа нема цена“.

Даниел Освалдо потоа беше запрашан дали сака да биде како неговиот познат сонародник, Лео Меси.

„Не. Би сакал да играм како него, но не и да го имам неговиот живот. Го жалам, сиротиот тој нема никаков живот! Живее во златен затвор, не може да биде тука и да испие една пијачка. Можеби тоа не е проблем за него, но за мене е. Кога сте на негово ниво, дури и не се прибирате дома. Го купувате најголемиот ТВ во светот но не седнувате во вашата дневна соба. Џабе ви е и Ферари, го возите замо 15 минути кога одите од дома до тренинг центарот. Никогаш не сум се грижел за парите, но вистина е дека имам потрошено многу пари на глупави работи. И сега трошам, но не толку“.

Запрашан дали Меси би сакал да биде Освалдо барем на една недела, тој вели: „Нема шанси. Последен пат го видов кога му го подарив мојот албум. Меси не ми е пријател, но тој е добар човек, кој пренесува позитивна енергија. Ме праша „Зошто се откажа од фудбалот за музика?“ Не го разбра мојот избор, сигурно си мисли дека сум луд. Но и јас да бев Меси и да бев најдобар во светот немаше да го напуштам фудбалот“.