24фудбал

Има два гола во две години, ама затоа доби три деца од три различни жени за два месеци

Саидо Берахино одново е во центарот на медиумите од Англија, фудбалерот на Стоук не ги полни противничките мрежи, ама добро му оди надвор од теренот

Англија

Напаѓачот важеше за еден од поперспективните играчи во Премиерлигата, но неговата кариера е во надолна линија откако во 2015 му пропадна трансферот во Тотенхем. ВБА не сакаше да го продаде и покрај тоа што „Спарси“ понудија 22 милиони фунти.

И следното лето пристигнаа богати понуди на негова адреса, Стоук понуди и до 20 милиони фунти, но ВБА водеше инат и не му дозволи да замине и покрај тоа што Саидо Берахино беше далеку од формата со која постигна 14 погодоци во Премиерлигата во сезоната 2014/15.

Стоук на крајот успеа да стигна до потписот на голгетерот, во јануари 2017 за 12 милиони фунти, но тоа се покажа како лоша инвестиција со оглед на тоа дека има само два гола зад своето име (еден изминатиов викенд, и еден во август во Лига Купот). Претходно немаше погодено од 2016.

Тој сега одново е во центарот на вниманието но не поради фудбалот, туку поради тоа што добил три деца од три различни жени за два месеци.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, името на Саидо Берахино стои во изводот на родените на бебето кое на овој свет го донесе неговата поранешна вереница Стефанија на 30. мај, како и бебето на неговата поранешна девојка Челси, која се поради на 17. јули.

Таблоидите шпекулираат дека трета девојка, на која не и се открива името поради правни причини, започнала судска постапка за Саидо Берахино да стои како тактко во изводот на детето кое таа го родила на 15. јули.