24фудбал

Раката на судијата Манзано остана во воздух, Меси одби да се поздрави

По натпреварот меѓу Барселона и Жирона, судијата Хил Манзано се обиде да се поздрави со Меси, но капитенот домашниот тим одби да го направи тоа незадоволен од судењето.

Шпанија

Барселона синоќа освои само бод во каталонскиот дуел против Жирона. Водеа со 1-0 кога судијата му покажа црвен картон на Ленгле за удар со лакт врз противнички фудбалер. Потоа се променија работите и натпреварот заврши 2-2.

Фудбалерите на Барселона беа незадоволни од одлуката на судијата да му додели црвен картон на Ленгле, а тоа најдобро го интерпетираше капитенот, Лионел Меси.

По натпреварот судијата Манзано се обиде да се поздрави со Меси, но раката му остана во воздух, Аргентинецот одби да го направи тоа и размени неколку зборови со главниот арбитар.