24фудбал

Елмас беше дел од големото турско дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ

Eлиф Елмас настапи на големото истанбулско дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ кое заврши без победник 1-1.

Македонија

Македонскиот репрезентативец во игра влезе во 56. минута кога неговиот тим губеше со 1-0. Имаше една убава шанса за гол, но биеше лошо.

Фенербахче подобро го почна мечот, создаде неколку одлични прилики за гол, но откако не успеа да ги реализира дојде казната. Рајан Бабел во 40. минута постигна фантастичен гол за водство на Бешикташ од 1-0.

Овој резултат беше актуелен до 71. минута кога по асистенција од Калдирим, Ајев погоди со глава за изедначување на 1-1.