24фудбал

Пандев и Ангеловски го „шкртнаа“ Меси, еве за кого гласаа капитенот и селекторот на Македонија

Горан Пандев и Игор Ангеловски му дадоа пет бода на Лука Модриќ во гласањето за најдобар фудбалер во годината, немаше место за Лео Меси во потесниот избор на капитенот и селекторот на Македонија

Останато

Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо која траеше десет години, Хрватот вечерва е прогласен за најдобар фудбалер на годината во избор на ФИФА.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја имаше поддршката и на Македонија, Лука Модриќ доби по пет бода од Горан Пандев и Игор Ангеловски, како и од новинарот Мијалче Дургутов.

Во потесниот изборот на капитенот и селекторот на „црвено-жолтите“ сепак немаше место за Лео Меси. Горан Пандев му даде три бода на Антоан Гризман и еден на Кристијано Роналдо додека пак Игор Ангеловски како втора опција го одбра Рафаел Варан а Кевин Де Брујне беше негов трет пик.