24фудбал

Реал Мадрид тргнува по несуденото засилување за Ливерпул

Фекир беше инспиратор во победата на Лион кај Манчестер Сити во воведното коло од новата сезона во групите од Лигата на шампионите со една асистенција и еден погодок (1-2), сезоната ја почна на одличен начин а веќе се споменува како опција за европскиот првак.

Шпанија

Ливерпул во последен момент се повлече од веќе договорениот трансфер за Набил Фекир, офанзивецот на Лион во овосезонскиот летен преоден рок, сумата изнесуваше 60 милиони фунти, но, до трансфер не дојде.

Сега Реал Мадрид е клубот кој тргна сериозно во битката за потписот на Французинот по неговиот импресивен старт во новата сезона, наводно европскиот првак ги разгледува опциите за трансфер во јануари или на крајот од актуелната сезона, пренесува „ЛЕкип“.

25 годишниот офанзивец има важечки договор со францускиот прволигаш до јуни 2020. година, најави за продолжување на соработката со неговиот сегашен клуб нема, а јасно е дека Лион ќе мора да ги разгледа сите опции за негова евентуална продажба во периодот кој претстои.