24фудбал

Перез посочи што би направил доколку го видел Роналдо на церемонијата на ФИФА

Првиот човек на Реал Мадрид верува дека фудбалерот кој според него останал во срцето на сите Мадридисти, еден ден ќе се врати во шпанскиот гигант, меѓу другото, тој посочи што би направил доколку го видел на церемонијата синоќа.

Шпанија

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека Кристијано Роналдо “еден ден ќе се врати во Реал Мадрид“, откако изминатиот летен преоден рок си замина од редовите на европскиот првак и потпиша со Јувентус.

Португалецот стана најдобар стрелец на Кралевите во клупската историја во својот претстој во Шпанија, а првиот човек на Реал Мадрид посочи што би направил доколку синоќа на доделувањето на наградите организирано од ФИФА, го видел Роналдо, кој отсуствуваше на церемонијата.

Кристијано остана во срцето на сите Мадридисти, доколку го видев на церемонијата, би го гушнал силно, тој е достоен наследник на Алфредо Ди Стефано, еден ден ќе се врати во Реал Мадрид“ рече Перез.