24фудбал

Модриќ: Мило ми е што Меси гласаше за мене, тој е еден од најдобрите во историјата, жално е...

Лука Модриќ му се заблагодари на Лео Меси за петте бода во изборот за најдобар фудбалер во годината, вели дека го цени гласот на Аргнетинецот кој е еден од најдобрите во историјата

Останато

По десет години доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо, ново име е избрано за најдобар фудбалер во годината. Лука Модриќ вчера го доби ова признание на ФИФА. Хрватот доби најмногу гласови од капитените, селекторите, новинарите и фановите.

„Горд сум на оваа награда, таа е заслужена со оглед на тоа дека сите гласаа за мене а и бидејќи имав извонредна година. Не сакам да се фалам, дали се сметам за најдобар или не, но моите колеги, играчите, селекторите, новинарите и фановите кои гласаа, ме одбраа мене и тоа доволно говори“ – вели фудбалерот на Реал Мадрид.

Пет бода Лука Модриќ доби и од Лео Меси, кој за прв пат не гласаше за играчи од Барселона или Аргентина.

„Мило ми е, навистина не знав дека Меси гласал за мене. Тој е еден од најдобрите во историјата и жално е што не дојде на церемонијата. Би сакал да беше присутен. Со оглед на тоа дека дека не е тука, не можам да кажам ништо друго освен тоа дека го ценам неговиот глас“.

И покрај тоа што го смета Лео Меси за еден од најдобрите, Хрватот не му даде ниту еден бод на Аргентинецот.

„Јас гласав за Варан, Роналдо и Гризман. Меси е еден од најдобрите, но во предвид треба да се земе што направил изминатата сезона. Тој и Кристијано се најдобри во светот, едни од најдобрите во историјата, но мислам дека мојот избор беше фер“.

Покрај Лео Меси, на церемонијата на ФИФА во Лондон не се појави ни Кристијано Роналдо.

„Кристијано ми е пријател, не ми пречи тоа што не дојде“.