24фудбал

Кариус: Рамос никогаш не ми се извинил (ВИДЕО)

По крајот на финалето во Киев беше утврдено дека горманскиот голман имал мал потрес на мозокот, а тој вели дека до овој момент не добил извинување од Рамос за ударот со лакт во неговата глава.

Останато

Големиот трагичар на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид вели дека капитенот на Кралевите, Серхио Рамос никогаш не му се извинил поради ударот кон него во еден дуел од мечот, германскиот голман додава дека тестирањата по мечот сведочат за тоа дека имал визуелна попреченост.

Не знам дали Серхио Рамос ме повреди со намера, само тој го знае тоа, но, сега во моментов веќе не е ни важно. Тој никогаш не ми се извинил за тоа, тестирањата кои ги имав потоа покажаа дека сум добил визуелна попреченост, во нормални услови, не би можел да го објаснам сето тоа“ рече Кариус кој потоа се наврати на финалето од Лигата на шампионите за неговите киксови.

Мислам дека постигнав нешто големо играјќи во големото финале, не дозволувам никој да ме повреди поради тој факт, ланската година беше одлична за мене, освен финалето, морате да созревате над разочарувањата и да растете покрај нив, никој не знае за разликата помеѓу повредите со кои е здобив и киксовите на теренот, ова не е извинување, ова е објаснување“ додаде Германецот кој во моментов ги брани боите на турски Бешикташ.