24фудбал

Еве зошто Салах ја доби наградата за гол на сезоната а беше и помеѓу тројцата финалисти (ФОТО)

Наградата „Пушкаш“ која ја доби Мохамед Салах на вчерашната церемонија „Бест“ на ФИФА се уште ја бранува фудбалската јавност која не се сложува со изборот за најубав гол во годината

Останато

Фудбалерот на Ливерпул вчера се закити со признанието „Пушкаш“ и наградата за најубав гол во годината, но одлуката на ФИФА веднаш го навлече гневот на фудбалските љубители.

Речиси сите се убедени дека изминатава сезона имало поубави голови од оној на Египајенецот против Евертон, а има и такви кои сметаат дека тоа не бил ниту најубавиот гол на самиот Мохамед Салах.

Причината за изборот е тоа што фановите галсаа за најубавиот гол, а тука Мо Салах има огромна поддршка од својата армија навивачи во Египет, каде тој има статус на бог не само поради успесите во дресот на Ливерпул туку и поради хуманитарната работа и финансиската помош која ја дава во сопствената земја.

Без гласовите на фановите тој немаше да биде ниту помеѓу тројцата финалисти во изборот за најдобар фудбалер во годината.

Доколку во предвид се земат само гласовите на капитените, селекторите и новинарите, Мо Салах ќе се најдеше дури на местото број 6, а Мбапе ќе беше во потесниот избор покрај Лука Модриќ и Кристијано Роналдо.