24фудбал

Погба сака да се врати во Јувентус

На францускиот репрезентативец очигледно дека му е дојдено преку глава од проблемите во кои се наоѓа Манчестер јунајтед, лошиот старт на сезоната, критиките кон негова адреса, и стилот на игра кој го негува Мурињо, на што и самиот имаше забелешки.

Италија

Критиките на Пол Погба за стилот на игра кој го негува Манчестер јунајтед под водство на Жозе Мурињо наводно било порака дека тој сака да се врати во Италија, тврдат тамошни изврои.

Интернационалецот од Франција по ремито со Вулверхемптон на домашен терен од 1-1 тврдеше дека неговиот тим не напаѓа доволно, а веќе има доволно причини за неговиот разнишан однос со Жозе Мурињо.

Тутоспорт пишува дека пораката која ја упатил Погба во јавноста била увертира за тоа што следи, а тоа е желбата на Французинот  да си замине од Олд Трафорд и да се врати во Торино.

Наводно Погба летово побарал да си замине, но, неговото барање било одбиено, интерес за него, според неофицијалните информации имаше од Барселона, но извесно е дека тој преферира враќање во Торино од причина што е поврзан со Старата Дама.