24фудбал

Балотели по рецептот на Роналдо се враќа во топ форма

Марио Балотели прави за него несвојствена промена со цел да се врати на највисоко ниво во тимот на Ница.

Франција

Според информациите од Франција, Балотели секое утро во 7:30 часот пристигнува во тренинг центарот на Ница и сам почнува да тренира.

Италијанскиот напаѓач пропушти голем дел од подготовките за новата сезона додека преговараше за трансфер во Марсеј.

Лошата форма се покажа на неговиот настап за италијанската репрезентација но и во првите неколку меча за Ница.

Сега Балотели го препишал рецептот на Роналдо, почнува да тренира пред другите да пристигнат на тренинг, а потоа продолжува да работи и со нив.

Колку ќе трае овој режим на контроверзниот Балотели и дали ќе успее да се врати во најдобра форма, останува да видиме.