24фудбал

Модриќ од Лондон испрати порака до Интер

Лука Модриќ откако беше прогласен за најдобар фудбалер во годината истакна дека сака да се пензионира во Реал Мадрид и дека никогаш сериозно не размислувал за заминување од Бернабеу

Италија

По одличниот настап на мундијалот во Русија, Лука Модриќ се најде во центарот на вниманието откако Интер се обиде да го донесе фудбалерот во своите редови.

Секој ден имаше шпекулации на оваа тема, се говореше дека Хрватот веќе се договорил со „Нероаѕурите“ и остануваше само Интер да пронајде заеднички јазик со Реал Мадрид.

Сепак, Флорентино Перез не сакаше да слушне за заминување на фудбалерот од средниот ред, и наместо да го продаде како што тоа беше случајот со Кристијано Роналдо, првиот човек на „Кралевите“ го пријави Интер до ФИФА.

Се говори дека клубот од Милано би можел во јануари одново да тропне на вратата на репрезентативецот на „Коцкестите“ па медиумите од Шпанија вчера го запрашаа Лука Модриќ на оваа тема, откако тој ја доби наградата за најдобар фудбалер во годината.

„Никогаш сериозно не сум размислувал за заминување, тешко да се видам во друг дрес освен оној на Реал Мадрид“ – порача Модриќ од Лондон.

„Би сакал да ја завршам кариерата во Мадрид, но ќе треба да почекаме и да видиме што ќе донесе иднината. Во овој клуб барањата секогаш се огромни, па треба да се оди чекор по чекор, година по година, се зависи од тоа како ќе играте и какви ќе бидат вашите перформанси“.

„Во моментов нема преговори за нов договор. Штета што Флорентино Перез нема да биде во авионот со мене...“ – заврши Хрватот со насмевка на лицето.