24фудбал

Фотографија која ги возбуди навивачите на Челси (ФОТО)

По синоќешното доделување на наградите на ФИФА, фудбалерите на Челси кои присуствуваа на церемонијата отидоа на вечера, но не беа сами.

Англија

Килијан Мбапе беше на вечера заедно со играчите на Челси, а тоа ги возбуди фановите на лондонскиот клуб кои се надеваат дека можеби ова е дел од некои тајни преговори во кои Канте и Азар го убедуваат напаѓачот на ПСЖ да се пресели во Лондон.


На сликата се Давид Луиз, Еден Азар, Нголо Канте, Вилијан, Дидие Дрогба, а со нив е Килијан Мбапе.

Мбапе, Канте и Азар беа дел од фудбалерите кои се најдоа во тимот на сезоната на вчерашното доделување на наградите на ФИФА кое се одржа во Лондон.