24фудбал

Ѕола: Сари може да го извади целиот потенцијал од Азар

Џанфранко Ѕола верува дека стилот на игра на Маурицио Сари му помага на Еден Азар да игра во најдобра форма досега и да го покаже целиот свој раскошен талент.

Англија

Азар синоќа беше прогласен за дел од тимот на ФИФА, најмногу поради одличниот настап за Белгија на Светското првенство во Русија. Тој заврши како седми во вкупното гласање за најдобар играч во светот каде победи Лука Модриќ.

Азар има фантастичен старт оваа сезона, а Ѕола смета дека тој може да биде уште подобар.

„Еден одигра фантастично Светско првенство. Можете да видите дека тој е играч кој станува се подобар и подобар“, вели асистент тренерот на Челси, Џанфранко Ѕола.

„Според мене тој не го постигнал целиот свој птенцијал. Верувам дека може да биде уште подобар, навистина верувам во тоа“.

„Мислам дека оваа година, тимот и Маурицио Сари ќе му помогнат да го достигне својот целосен потенцијал“.

„Од мое искуство кога играте на високо ниво подолго време станувате подобар и подоаб. Знаете како да ги користите вашите вештини на подобар и поефективен начин. Тоа е процес кој тој самиот ќе го направи. Се разбира ние ќе се обидеме да му дадеме насоки како да биде поефективен на теренот“.