24фудбал

Мурињо му рекол на Погба: Веќе никогаш нема да бидеш капитен на Манчестер јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека во пресрет на денешниот меч против Дерби од Карабао Купот, Мурињо му рекол на Погба дека веќе никогаш нема да биде капитен на Манчестер јунајтед.

Англија

Мурињо и Погба оваа сезона постојано се во војна, а таа се чини дека сега доживува кулминација.

Мурињо бил лут на Погба откако благодарение на негова грешка Волвс израмни на 1-1, а потоа фудбалерот на Јунајтед ја критикуваше тактиката со која игра Јунајтед.

Последните информации од реномираните англиски медиуми како „Би-Би-Си“ велат дека Мурињо му соопштил на Погба дека веќе нема да биде капитен на Манчестер јунајтед.

Дали навистина е така ќе видиме веќе на денешниот меч против Дерби ако Погба биде во тимот.

Португалецот пред денешниот меч со Дерби изјави дека не е задоволен од некои поединци во составот.

„Натпреварот против Волвс беше важна лекција за нас, лекција која ја повторувам секоја недела, лекција која некои момци не ја учат. Секој тим кој игра против Манчестер јунајтед го игра мечот на нивните живото и ние треба да го надминеме тоа ниво на агресивност, мотивација и желба - 95% не е доволно кога играте против некој кој дава 101%“, изјави Мурињо.