24фудбал

Роналдо не успеа да се воздржи откако остана без наградата „Бест“: Овие трофеи никој не може да ги украде... (ФОТО)

Од таборот на Роналдо не го премолчеа вчерашниот избор на ФИФА за најдобар фудбалер во годината, овој пат зајадлив коментар беше постиран од инстаграм профилот на музејот на ЦР7.

Шпанија

Минатиот месец луѓето блиску до Кристијано Роналдо со „дрва и камења“ удрија по УЕФА откако европската куќа на фудбалот го прогласи Лука Модриќ за најдобар играч.

Португалецот вчера загуби уште eден дуел со Хрватот, кој ја доби наградата „Бест“ на ФИФА за фудбалер на годината.

Oд таборот на Кристијано Роналдо во прв момент не се огласија, но очигледно не можеа да се воздржат по изборот на ФИФА и испратија зајадлив коментар.

Инстаграм профилот на музејот на ЦР7 во Фуншал објави фотографија од безбедносните камери на која се гледаат трофеите кои Кристијано Роналдо ги има освоено и беше напишана пораката: „Овие трофеи никој не може да ги украде, има поставено аларм“.

Фудбалерот на Јувентус смета дека е жртва на одмазда по одлуката да го напушти Реал Мадрид изминатово лето и намерно е игнориран кога се во прашање индивидуалните трофеи. Тој вчера не присуствуваше на церемонијата со Лондон. Многумина сметаат дека се решил на еден ваков чекор бидејќи бил известен дека нема да ја добие наградаат „Бест“, иако официјалното образложение е згуснатиот распоред кој го има „Старата Дама“.