24фудбал

Нојер му подари бод на Аугсбург (ВИДЕО)

Кикс на Мануел Нојер во финишот од мечот го чинеше Баерн Минхен два бода помалку од мечот против Аугсбург, натпреварот заврши 1-1.

Германија

Баерн Минхен влезе како голем фаворит во денешниот меч против Аугсбург, но не успеа да дојде до трите бода иако играше на Алијанц Арената.

Баварците доминираа, создадоа повеќе шанси за гол, но на крајот гостите беа тие кои задоволни го напуштија теренот.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а по три минути игра во вториот дел Робен даде гол за водство на Баерн Минхен од 1-0.

Овој резултат беше актуелен се до 87. минута кога по едно нафрлување во шеснаесетникот на Баерн Минхен, на Мануел Нојер од рацете му избега една топка и дојде до играчите на Аугсбург, Феликс Геце беше прецизен за конечни 1-1.

Од Бундеслигата денеска се одиграа уште три натпревар, Вердер со 3-1 ја победи Херта, со истиот резултат но на гостински терен славеше Хофенхајм против Хановер. Фрајбург со минимални 1-0 беше подобар од Шалке.