24фудбал

Голманот на Штутгарт сигурно не сака да ја гледа оваа снимка... (ВИДЕО)

Штутгарт се намачи да стигне до првите три бода викендов во новата сезона од германската Бундеслига, иако имаше водство, истото за момент го прокоцка со еден автогол по едно изведување од аут линијата.

Германија

Штутгарт по пет меча пост, конечно славеше изминатиов викенд во рамките на шестото коло од германската Бундеслига, со 2-1 беше подобар од Вердер пред своја публика, но, голот кој домашниот голман го прими во 68. минута е сигурно момент кој не сака да го види низ повторени снимки.

Во тој момент тимот од Бремен стигна до израмнување од 1-1, но подоцна Кастро повторно го врати Штутгарт во водство кое до крајот домаќините го задржаа да дојдат до посакуваните три бода, а еве што точно се случи во таа 68. минута...