24фудбал

Шпански новинар го праша Мурињо за телефонскиот повик од Зидан: Прашај го тој зад тебе, ми го прислушкува телефонот (ВИДЕО)

Можеби Манчестер јунајтед се наоѓа во резултатска криза но Жозе Мурињо не ја загубил смислата за хумор, „Специјалниот“ приреди ново шоу на денешната прес конференција.

Лига на Шампиони

„Ѓаволите“ три меча се без победа, по разочарувачкото реми со Вулверхемптон на Олд Трафорд следеше елиминација од Дерби во Лига купот и пораз од Вест Хем во Премиерлигата.

Пред Манчестер јунајтед сега е меч со Валенсија во Лигата на шампионите, а на Жозе Мурињо му „гори“ по серијата слаби резултати, но и покрај тоа „Специјалниот“ не ја загубил смислата за хумор.

На денешната прес конференција, новинар од Шпанија го запраша дали има вистина во сторијата дека Зинедин Зидан му се јавил за да го осигура дека не се обидува да му ја земе работата.

Наместо да даде конкретен одговор, Мурињо му кажа на шпанскиот новинар да се сврти назад и истото прашање да му го постави на лицето кое седи позади него (новинар на Сан) бидејќи тој ја напишал веста.

Новинарот кој ја напиша сторијата потоа одговори: „Да, да, навистина му се јави“, и изнуди насмевка од сите присутни во просторијата.

Новинарот од Шпанија потоа постави ново прашње, дали може Мурињо да открие детали од разговорот, по што тренерот на Манчестер јунајтед оговори: „Тој зад тебе ми го прислушкува телефонот, па прашај го него“.