24фудбал

Интер и ПСВ се расправаа за кого утре ќе навива Роналдо, на крајот пресече „Феноменот“ (ФОТО и ВИДЕО)

Дуелот помеѓу ПСВ и Интер во Лигата на шампионите започна со пријателско пецкање на социјалните мрежи, на крајот дилемата ја реши самиот Роналдо.

Лига на Шампиони

„Нероаѕурите“ гостуваат во Ајндховен во второто коло од Лигата на шампионите, па во пресрет на пресметката, двата клуба имаа пријателско пецкање на социјалните мрежи.

Интер прв почна и го праша Роналдо за кого ќе навива утре, по што ПСВ одговори дека изборот е очигледен, и тие ќе ја имаат поддршката на „Феноменот“.

Потоа двата клуба се пофалија со најубавите голови на Бразилецот, а „Нероаѕурите“ потсетија и дека напаѓачот дошол до „Златната топка“ во нивниот дрес.

На крајот пресече самиот Роналдо, кој порача дека има убави спомени со двата тима, им посака среќа и на ПСВ и на Интер, па нема да завзема страна.