24фудбал

Бунт во Баерн, Родригез без да удри туш си отиде дома 10 минути по последниот свиреж (ФОТО)

Нико Ковач има сериозен проблем во соблекувалната, неколку играчи се незадоволни од неговите ротации а најгласен е Хамес Родригез кој синоќа гледаше што побрзо да го напушти стадионот.

Германија

Хрватот одлично ја започна авантурата на Алианц Арена, тримфираше со 5-0 во Суперкупот на Германија, а потоа забележа и низа од шест победи во сите натпреварување.

Но очигледно медениот месец заврши, Баерн Минхен влезе во мала резултатска криза и по вечерашното реми со Ајакс во Лигата на шампионите, „Баварците“ веќе три меча се без триумф.

Ова сепак  не е единствениот проблем, Нико Ковач се соочува и со бунт во соблекувалната, неколку играчи се жалат на ротациите кои ги прави.

Најгласен е Хамес Родригез, кој е незадоволен од малата минутажа. Колумбиецот вчерашниот меч против Ајакс го започна од клупата за резерви и го одигра само последните 30 минути.

Новинарите го уловија Хамес Родригез како со фрустрации на лицето, без да каже збор и брзање си оди дома во 23:02, односно само десет минути по последниот свиреж на судијата.


Новинарот Езекиел Дарај, кој е добро упатен за случувањата на Алианц Арена, особено кога се во прашање фудбалерите од Јужна Америка и оние од шпанско говорно подрачје на Твитер напиша: „Хамес беше најдобар поединец во второто полувреме. Го напушти стадионот видно вознемирен, без да зборува, дури мислам и без да удри туш. Доколку Ковач не сака да се промени, тогаш сменете го Ковач“.

Плејмејкерот ја игра втората сезона во Баерн на позајмица од Реал Мадрид, шампионот на Германија има опција во целост да го купи играчот но сето ова фрла сомнеж врз желбата на Колумбиецот да продолжи во Минхен,

Претходно, „Спорт Билд“ имаше сторија дека незадоволни од честите ротации се и Матс Хумелс, Хави Мартинез и Сандро Вагнер. Особено погоден бил Матс Хумелс, кој верува дека е најдобриот дефанзивец на Баерн во последните две години.

Но Ковач не се сложува со ова и смета дека Германецот е најслабата алка во одбрамбената линија. Tренерот упатил големи замерки и критики до играчот по ремито со Аугсбург.