24фудбал

Спалети за Икарди: Тој е животно...

Две од две за Интер во Лигата на шампионите, тимот од Милано по очајниот старт во новата сезона, сега влезе во серија од пет победи, а во Лигата на шампионите, освен Тотенхем, падна и ПСВ.

Лига на Шампиони

Интер влезе во одлична серија од пет победи во низа во сите натпреварувања, по победата на домашен терен над Тотенхем, Нероаѕурите со триумф се вратија од гостувањето кај ПСВ во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Иако холандскиот тим прв поведе, на крајот гостите беа тие кои го освоија сиот плен, а головите за победничкиот табор ги постигнаа Наинголан и Икарди, а токму до нив стигна пофалби од тренерот на Нероаѕурите, Лучијано Спалети.

Одигравме одличен натпревар, а морам да упатам пофалби до Наинголан, тој се врати на она ниво на кое сите навикнавме да го гледаме, имаше повреда во пресезонските подготовки а вечерва го потврди својот голем прогрес“ рече Спалети кој потоа не се штедеше на пофалби ниту до Икарди.

Мауро има некои прецизни карактеристики, тој нема слабост во реализацијата, тој е едноставно перфектен, кога посакува, добро знае како да изгледа повисок и посилен отколку што е, тоа мора да го прави се почесто, би додал и тоа што на сите ни е познато, тој е животно во казнениот простор на противникот“ додаде искусниот италијански фудбалски стратег.