24фудбал

Алба: Меси јаде на различна маса од нашата

Дефанзивецот на Барса даде интересен опис на првата ѕвезда на тимот кој синоќа имаше фантастични перформанси во Лондон, тој подвлече дека нема дилеми во тоа дека е најдобриот на светот, а најдобриот „јадел на различна маса“ од останатите фудбалери.

Лига на Шампиони

Жорди Алба го опиша неговиот соиграч Лионел Меси како човек што „јаде на различна маса“ во однос на секој друг фудбалер, за да ја илустрира својата големина за Барселона.

Зборувајќи по победата над Тотенхем синоќа во Лондон со 2-4 во второто коло од Лигата на шампионите, каде Меси постигна два гола во второто полувреме, Алба посочи дека Аргентинецот е најдобриот на светот, и тоа било едноставно.

Тој е најдобриот на светот, јасно е дека има голем напаѓачки талент во себе, тоа можевте да го видите уште еднаш, истото можете да го видите на секој натпревар, вистината е следна, кога Меси игра на своето ниво, тоа значи подобри перформанси од целата екипа, ние сите се трудиме во тој случај да се подобриме и да не заостануваме зад него“ рече дефанзивецот.

Меси јаде на различна маса од нашата, истото го кажав и кога бев во Валенсија, никој не може да се споредува со него, тоа е толку едноставно“ додаде тој.