24фудбал

Еден куп пресврти во Лига Европа, најлудиот го имаше Спортинг (ВИДЕО)

Мечевите од 18:55 во Лига Европа донесоа големи возбудувања и многу пресврти, најлудо беше во Полтава каде Спортинг на нашиот Стефан Ристовски со два гола во судиското надополнуање славеше над Ворскла.

Лига Европа

Спортинг и Стефан Ристовски вечерва беа на прагот на пораз но чудесно се извлекоа и од Украина се враќаат со цел плен.

Ворскла поведе во 10. минута со голот на Кулач и овој резултат стоеше на семафорот се до истекот на регуларните 90 минути. Но потоа во првата минута од надополнувањето Монтеро изедначи на 1-1 за во 93. минута Кабрал да донесе победа.


Пресврт имаше и на Сан Сиро, Олимпијакос имаше водство до 70. минута, кога на сцена стапи нововлезениот Кутроне кој донесе 1-1 за Милан. Потоа Игуаин погоди за 2-1 а Кутроне во 79. минута со својот втор гол ги реши дилемите околу победникот.


Слично беше и на дуелот помеѓу Баер Леверкузен и АЕК Ларнака. Нашиот Тричковски донесе изненадувачко водство за гостите, но домаќините на крајот триумфираа со 4-2.


Од негатива се враќаше и Салцбург, Селтик прв поведе во Австрија, но домаќинот ги освои трите бода.

Фенербахче и Елмас по подолго време се радуваат на победа, на домашен терен ја совладаа трнава со 2-0. Со истиот резултат триумфираа и Адеми и Динамо Загреб на гостувањето кај Андерлехт.