24фудбал

Јувентус скокна во одбрана на Роналдо и си постигна автогол (ФОТО)

„Старата Дама“ денеска реши да му изрази поддршка на Кристијано Роналдо по обвинувањата дека силувал девојка во 2009, но Јувентус малку ја промаши пораката што сакаше да ја испрати.

Италија

Изминативе денови, Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието поради погрешни причини. Катрин Мајорга си ја отвори душата и раскажа како Кристијано Роналдо ја силувал во 2009 година.

Оваа сторија прев пат беше откриена пред година ипол, кога од документите кои ги објави „Фудбал Ликс“ новинарите забележаа дека ЦР7 и неговите адвокати исплатиле 375.000 долари на девојка од САД да молчи.

Кристијано Роналдо ги негираше ваквите обвинувања, најпрво ги нарече „фејк њуз“ а потоа испрати и соопштение во кое порача дека неговата совест е чиста и спокојно ги чека резултатите од истрагата.

Вечерва зад играчот застана и Јувентус, шампионот на Италија му даде поддршка на својот најскап трансфер и фудбалер со најголема плата.

„Кристијано Роналдо изминативе месеци покажа голема професионалност и посветеност, и сите во Јувентус го ценат ова“ – гласеше краткото соопштение на Твитер.

„Настаните кои наводно се случиле и датираат од пред скоро 10 години не го менуваат ова мислење, кое го делат сите оние кои сптаиле во контакт со овој голем шампион“.


Овој потег на Јувентус е очекуван, но според многумуна „Старата Дама“ си постигна автогол бидејќи малку ја погреши пораката која сакаше да ја испрати.

Никој не се сомнева во професионализмот и посветеноста на Кристијано Роналдо, токму ваквиот карактер на Португалецот го направи еден од најдобрите фудбалери на денешницата и во историјата.

Исто така, тоа што настанот се случил пред 10 години не ја намалу неговата значајност, без разлика дали е вистинит или не. Да се каже дека нешто се случило пред една декада не е олеснителна околност. Исто така, тоа што многумина имаат високо мислење за играчот, не значи дека тој не може да стори кривично дело.