24фудбал

Николов не доби чист фаул на работ од шеснаесетникот, Македонецот се чудеше на одлуката (ВИДЕО)

Бобан Николов и МОЛ Види одиграа храбар натпревар против Челси, загубија со 1-0 но резултатот можеше да биде поинаков доколку судијата не направеше голем превид пред финишот на првиот дел.

Лига Европа

Во 41. минута од мечот на Стемфорд Бриџ, Бобан Николов одлично следеше една акцијата на Челси, ја пресече топката и веднаш тргна во контра. Тој доби идеално додавање во фор, го надтрча Гери Кејхил, кој стартваше но ја промаши топката и го собори противникот на работ од шеснаесетникот.

Судијата сепак не досуди ништо а Македонецот се чудеше на одлуката со оглед на тоа дека беше чист фаул. Од повторените снимки убаво се гледа дека има контакт помеѓу дефанзивецот на Челси и Бобан Николов.

Стартот веројатно беше надвор од шеснаесетникот и немаше да има пенал, но тоа ќе значеше црвен картон за капитенот на Челси бидејќи спречи шанса за гол.