24фудбал

Дури и на Жиру не му се верува колку Мората е очаен (ВИДЕО)

Премиерлигашот дојде до посакуваната победа, но стрелецот на единствениот гол на средбата го стави во сенка својот гол со големото промашување кое го имаше, на кое не можеше да поверува ниту неговиот партнер од нападот.

Лига Европа

Челси се мачеше да дојде до победа против Мол Види на нашиот Бобан Николов кој ги одигра сите 90 минути од мечот на Стемфорд Бриџ кој домаќините го добија минимално со 1-0.

Иако го постигна единствениот гол во победата на Премиерлигашот, Алваро Мората повторно се стави под знак прашалник дали е на она посакувано ниво, тој во една ситуација промаши еден голем зицер, а „шоуто“ од оваа ситуација го украде Оливие Жиру, напаѓачот кој од трибините ја проследи средбата, а не пропушти да ја види снимката од големото промашување на Шпанецот...

Ова промашување на Мората на големо ја зголеми дилемата кај фановите на Челси околу тоа кој да биде прва опција во нападот на таа екипа, дали тој, или Жиру, за втората опција се чини дека се мнозинството, барем, таков е впечатокот од коментарите.