24фудбал

Кварезма имаше груба реакција кон македонски линиски судија, Ставрев го поштеди од картон (ВИДЕО)

Португалецот беше на граница да се здобие со опомена, но главниот арбитар на средбата, Ставрев ја поштеди ѕвездата на Бешикташ кој на крајот се одлучи да се повлече.

Лига Европа

Бешикташ тргна со победа над Сарпсборг во воведното коло од Лига Европа, но, синоќа загуби на гостувањето кај Малме со 2-0, а Еркин со својот автогол ја најави победата на домаќините.

Имаше нервоза кај гостинскиот табор кој не го наоѓаше патот до мрежата од голот на шведскиот тим, а таа на неколку пати беше исфрлана на судиите на средбата кои доаѓаа токму од Македонија предводени од Александар Ставрев.

Помошници на Ставрев беа Кировски и Костадинов, а четврти судија на мечот беше Караколев.

Во еден момент од мечот, незадоволен од одлуката, ѕвездата на Бешикташ, Кварезма дури и помисли да ја шутне топката кон македонскот линиски судија, кој за момент помисли дека навистина тоа ќе се случи, па се обиде да се заштити, но Португалецот се предомисли со финта, а со тоа избегна и сигурен црвен картон.