24фудбал

Хумелс размислува да си замине од Минхен, ќе тргне ли Манчестер јунајтед во нови обиди?

Германскиот репрезентативец веќе не е прва опција во тимот на Баварците, како резултат на ротацијата која ја прави Ковач, тој наводно веќе сериозно ја разгледува опцијата да си замине од Минхен.

Германија

Интересот на Манчестер јунајтед за ангажман на Мат Хумелс може да се реобнови по информациите кои пристигнуваат од Германија, кои велат дека дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс ја размислува опцијата да си замине од клубот.

Сево ова доаѓа по ротацијата која во тимот ја прави хрватскиот стратег Нико Ковач, Хумелс ја довел во прашање својата иднина во Баварците откако само три пати сезонава во Бундеслигата стартуваше од првата минута, а Ковач претежно ги преферира Боатенг и Шуле како централни дефанзивци, а опција е воедно и Мартинез.

Билд пишува дека Хумелс сериозно ја разгледува опцијата да си замине, а како за потсетување, германскиот репрезентативец го одби Манчестер јунајтед во 2016. година, период кога реши да стави потпис со Баварците, кога направи трансфер од Борусија Дортмунд.

Хумелс има договор со Баерн Минхен до 2021. година, нешто што го прави германскиот тим во поволна позиција во евентуалните преговори за неговите услуги.