24фудбал

Шоу на Мбапе во Париз, четири погодока за 13 минути! (ВИДЕО)

Брутална партија на Килијан Мбапе против Лион, Французинот го предводеше ПСЖ до победа од 5-0 со четири погодоци за 13 минути.

Франција

„Светците“ вечерва испишаа историја и станаа првиот тим во Лиг 1 кој успеал да забележи девет победи во низа на стартот од сезоната. Но вечерта ќе биде запаметена по шоуто на Килијан Мбапе. 19 годишниот Французин постигна четири погодока за 13 минути во победата од 5-0 над Лион. 

Резултатот го отвори Нејмар, кој реализираше пенал во 9. минута. Потоа ПСЖ остана со играч помалку откако Кимпембе заработи црвен картон, но пред крајот на првиот дел силите на теренот беа израменти, Тусар доби втор жолт картон.

Во продолжението од мечот на сцена стапи Килијан Мбапе кој од 61. до 74. минута четири пати ја тресеше мрежата на гостите.