24фудбал

Тасевски е нов тренер на Работнички

Работнички брзо го пронајде наследникот на Ѓоре Јовановски, Жикица Тасевски е тренерот кој треба да донесе подобри резултати за скопскиот клуб.

Македонија

Работнички и Жикица Тасевски се договорија за соработка до крајот на сезоната со опција за продолжување на подолг период ако двете страни се задоволни.

Тој доаѓа на местото од Ѓоре Јовановски кој замина по лошиот старт на сезоната.

„Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажен стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

Фото: ФК Работнички