24фудбал

Џиџи е нов тренер на Ренова

Никола Илиевски Џиџи е нов тренер на Ренова, тој доаѓа на местото од Јетон Беќири кој имаше лоши резултати на стартот од сезоната.

Македонија

Ренова денеска информираше дека има нов тренер, Никола Илиевски Џиџи ќе го води тимот од Џепчиште.

Тренерското место во Ренова беше празно по заминувањето на Јетон Беќири. По неговото заминување иако без официјален тренер, врзаа три позитивни резултати. А од денеска кормилото го зема Џиџи.

Ова е враќање на Никола Илиевски Џиџи во македонскиот фудбал по неуспешната епизода во Вардар.