24фудбал

Милан го победи ПСЖ во трката за фудбалер вреден 35 милиони евра

Милан постигнал договор со Фламенго за бразилскиот фудбалер Лукас Пакета кој во јануари треба да се пресели на Сан Сиро.

Италија

Според „Глобо Еспорте“, Пакета ќе ги помине медицинските тестови во Бразил оваа недела по што ќе го потпише договорот со Милан.

Покрај Милан, за 21-годишниот бразилски фудбалер имаше сериозен интерес и од ПСЖ, но благодарение на Леонардо „росонерите“ успеале да ја добијат битката.

Пакета е офанзивен играч од средниот ред, оваа сезона за Фламенго има постигнато девет гола на 24 натпревари и веќе има два настапи за Бразил.