24фудбал

Голем скандал со местенки во Белгија, се претресуваат куќи и во Македонија!

Голем скандал со наместени натпревари, корупција и перење пари ја тресе Белгија, а дел од инволвираните се и од Македонија, Србија, Црна Гора...

Македонија
Полицијата во Белгија покрена голема акција под името „Чисти раце“. Според тамошните медиуми, акцијата е поради сомневање во местени натпревари, финансиски малверзации при трансфери на фудбалери, поткупување судии и рекетирање.
 
Осомничени се тренери, агенти, судии и функционери во повеќе белгиски клубови. Покрај во Белгија, извршени се детални претреси и на куќи и станови во други земји а меѓу нив се Македонија, Србија, Црна Гора, Франција, Луксембург.
 
Истрагата започнала уште во 2017 година кога полицијата во Белгија била информирана од единицата за спортски малверзации за сомнеж околу можни наместени натпревари и сомнителни финансиски трансакции.
 
На тапет се повеќе белгиски клубови меѓу нив и големите Андерлехт, Стандард, Бриж, Генк, Гент, Кортријк, Мехелен, Остенде...
 
Засега уапсен е Моги Бајат еден од главните фудбалски ликови во Белгија, но и тренерот на Бриж, Иван Леко, поранешниот директор на Андерлехг Ван Холбек, како и двајца судии.
 
Во истрагата се вклучени уште неколку земји од каде има лица инволвирани во скандалот, случајот зема меѓународен замав, а една од државите е и Македонија. Информациите велат дека се претресувани куќи во Македонија, но засега не е познато за кои лица од нашата земја станува збор.
 
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Македонија потврди дека е вклучено во меѓународната истрага во врска со овој скандал, но повеќе детали не се соопштуваат.